Бундесбанката објави кои евро банкноти се најмногу фалсификувани

Германската централна банка денеска објави дека бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголемил за 28,2 отсто во однос на 2022 година и изнесува 56.000.

Вкупната штета од употреба на фалсификати изнесува околу 5,1 милион евра.

Бундесбанката забележува дека во исто време најголема штета е причинета на банкнотите од 200 и 500 евра, преку продажба на накит, златни прачки, часовници и автомобили, пренесува Хина.

Банкнотата од 50 евра сè уште е најпопуларна меѓу шверцерите, а дури 38 отсто од сите запленети фалсификувани банкноти се банкноти од 50 евра, потоа следат апоени од 20 евра, а меѓу најчесто фалсификуваните монети се монетите од 2 евра.

„И покрај зголемениот број на конфискувани банкноти, фалсификувањето пари се уште е на ниско ниво“, објави Бундесбанката.

Според податоците на Европската централна банка (ЕЦБ), во 2023 година биле откриени 467.000 фалсификувани банкноти на евра, што е за 24 отсто повеќе од 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Владата воведе забрана, Хрватите возвратија

BiznisPRO

Поскапија дел од горивата – РКЕ со нови цени

BiznisPRO

Најголеми неделни загуби оваа година: несигурен пазар на криптовалути, биткоинот значително падна

BiznisPRO