Договор меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ: Буџет за следната година 189 милијарди евра

Преговарачите од Европскиот парламент и Советот на ЕУ постигнаа договор за буџетот на европскиот блок за следната година, кој ќе изнесува 189,4 милијарди евра.

Пратениците на ЕУ изјавија дека обезбедиле и дополнителни финансиски средства за некои од приоритетите на парламентот, како што се хуманитарната помош, програмата за истражување и развој за блок Хоризонт Европа и програмата за размена на Еразмус, објави бриселскиот портал Политико.

Шпанија, која претседава со Советот на ЕУ до крајот на годината, нагласи дека има „доволни финансиски можности за одговор на непредвидени околности“.

Можеби ќе ве интересира...

Еврото се задржа до прагот од 1,13 долари

BiznisPRO

Доларот и еврото зајакнаа во однос на јенот

BiznisPRO

Цените паѓаат со најбрзо темпо во последните 15 години

BiznisPRO