Порасна цената на нафтата на меѓународниот пазар

Цената на нафтата денеска на меѓународните пазари порасна на 81 долар, бидејќи трговците шпекулираа дека Саудиска Арабија ќе ја намали понудата и на почетокот на следната година, со оглед на знаците за слабеење на побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на нафтата за барел со датуми на испорака во јануари по пладне порасна за 99 центи и изнесуваше 81 долар. На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во декември се тргуваше за 93 центи повисоко, на 76,67 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на недвижностите паѓаат: Еве каде цените најмногу паднале

BiznisPRO

Дефлација во Кина

BiznisPRO

Рекордниот раст на населението во Канада лош за домувањето и БДП

BiznisPRO