Се зголемува бројот на банкроти во Германија: Дури 22 отсто повеќе банкроти отколку во истиот месец лани

Бројот на банкроти меѓу германските компании продолжи да расте во последните месеци, покажаа податоците на Федералниот завод за статистика.

Во октомври се регистрирани 22,4 отсто повеќе стечајци во однос на истиот месец лани, објавија во вторник статистичарите. Стапките на раст се двоцифрени од јуни, со дури 19,5 отсто во септември.

Во последниве години, многу компании избегнаа неликвидност со огромната помош што ја дава државата поради пандемиската криза.

Експертите затоа сегашното зголемување го гледаат како нормализација. Тековните бројки, исто така, се уште се далеку под вредностите на индексот од 2015 година.

Стечајците влегуваат во статистиката дури по првата судска одлука за неликвидност. Во многу случаи, вистинскиот датум на стечај е скоро три месеци порано, пишува ДПА, пренесува Блиц.

Заводот за статистика ги објави конечните бројки за август. Според овие податоци, локалните судови регистрирале 1.556 стечаи на фирми. Тоа беше за 35,1 отсто повеќе од претходната година.

Доверителите во текот на август побарувале околу 1,8 милијарди евра, додека истиот месец лани тој износ изнесувал 800 милиони.

Можеби ќе ве интересира...

Доларот „падна“, еврото на на најниско ниво во последните 5 години

BiznisPRO

Повисоките трошоци за живот ја намалија потрошувачката на виски

BiznisPRO

Тие ги имаат најважните акции во светот

BiznisPRO