За две години квадратурата на стан во Црна Гора поскапела за 40 отсто

Цената на просечен квадратен метар стан во нова зграда во Црна Гора од септември 2021 година до истиот месец годинава се зголемила од 1.203 на 1.647 евра или 40 отсто.

За две години, цената на квадрат стан, на ниво на држава, се зголемила за 443 евра или 37 отсто, пренесува Капитал.

Поскапувањето на становите се должи на пореметувањата на пазарот и зголемените трошоци, како и на големиот интерес на странците за купување станови, покажуваат споредбените податоци на Управата за статистика Монстат.

Во Подгорица растот на цените на становите е уште поголем и изнесува 43 отсто. Просечната цена на метар квадратен на нова зграда во главниот град пред само две години беше 1.182 евра, а сега е 1.700 евра.

Во крајбрежниот регион цената на метар квадратен порасна за овој компаративен период од 1.385 на 1.584 евра или за 14 отсто. Во северниот регион растот на цените на становите за последните две години е најмал и изнесува три отсто, односно просечната цена на метар квадратен се зголеми од 1.250 на 1.288 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Кога се паѓа Велигден, а кога Бајрам, следуваат многу продолжени викенди – Листа на сите неработни денови во 2023

BiznisPRO

Замрзнати цени во маркетите до нова година – маркетите ќе може да прават акции

BiznisPRO

Приходите од Суецкиот канал се намалени за 40 отсто од почетокот на годината

BiznisPRO