Утврдени нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,950%, кај дизелот за 6,048%, кај
екстра лесното масло за 6,037% и кај мазутот зголемувањето е за 0,567%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со
претходната пресметка е понизок за 0,119%

Од 26.12.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,075 (денари/килограм)

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното
масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

ИСОС започнува серија средби со сметководителите ширум земјата заради јакнење на професионалните стандарди

BiznisPRO

Нова цена на горивата во Македонија

BiznisPRO

Нафтата надмина 100 долари за барел, по рускиот напад врз Украина

BiznisPRO