ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Продавниците ќе може да работат за Нова Година, Божиќ и Бадник

Владата донела вонредна препорака продавниците, кои инаку законски не смеат да работат за време на празници, да може да работат на 1, 7 и 8 јануари, односно за време на празниците Нова Година, Бадник и Божиќ.

„За време на новогодишните и божиќните празници, односно на деновите 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година, како и 7 јануари и 8 јануари 2024 година, ќе може да работат продавниците, штандовите и киосците коишто вршат трговија на мало.

Целта на оваа препорака, на предлог на Министерството за економија, е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.

Исто така, за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе допринесат во растот на потрошувачката во државата“, објави Крешник Бектеши, министерот за економија.

Можеби ќе ве интересира...

Мајкрософт отпушта 1.900 вработени во две компании

BiznisPRO

Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO