Производството во САД се намалува 14-ти месец по ред

Економската активност во производството на Соединетите Американски Држави незначително се зголеми во декември во однос на ноември.

Сепак, 14-ти месец по ред е во зоната на контракција, односно опаѓачка активност, соопшти денеска Американскиот институт за управување со набавки (ISM).

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во САД се искачи на 47,4 поени во декември од 46,7 поени во ноември, но и понатаму е под 50 поени, со што е во зоната на пад на економската активност, се наведува на веб-страницата на ISM.

PMI се користи како показател за економската ефикасност во производството, а посакуваниот резултат над 50 поени би укажал на проширување, односно раст на активноста. Во Соединетите Американски Држави, во декември е забележан пад на бројот на нови нарачки, како и пад на вработеноста и количината на стоки на залиха.

Бројките не укажуваат дека овој тренд наскоро ќе се промени, се заклучува во соопштението на ISM.

Можеби ќе ве интересира...

Во екот на војната: Во септември оваа држава не увезе ни литро руска нафта

BiznisPRO

Состојба на крипто берзите: Биткоинот стабилен на 26.870 евра

BiznisPRO

УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој

BiznisPRO