Се повеќе невработени во Германија, највисоко од мај 2021 година

Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година.

Ова го соопшти германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.

Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5.000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември.

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на обемот на работа и несигурноста“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.

Можеби ќе ве интересира...

Главен фактор поскапувањето на алкохолот и тутунот: Во Велика Британија беснее инфлација, се поскапе двојно

BiznisPRO

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАРЕЛОТ: Залихите на сурова нафта во Америка растат

BiznisPRO

Чешка објави тендер за нов нуклеарен реактор – за Русите – забрането

BiznisPRO