Тие инвестираат 162 милиони во компанија за производство на чипови

Вашингтон ќе додели грантови на Microchip Technology во вкупен износ од 162 милиони американски долари.

Тоа ќе го направи за да го зголеми производството на чипови и микроконтролери (MCU) кои се клучни за потрошувачката и воената индустрија, објави денеска американското Министерство за трговија.

Овие средства ќе и овозможат на компанијата Microchip Technologies тројно да го зголеми производството на полупроводници и микроконтролери во своите фабрики во Соединетите Американски Држави, се додава во соопштението на министерството.

Според планот, компанијата ќе инвестира 90 милиони долари во проширување на фабриката во државата Колорадо и 72 милиони долари во проширување на производството во Орегон.

Наведените компоненти се клучни за производство на автомобили, паметни телефони, интернет рутери, авиони и се незаменливи во воената индустрија.

Соединетите Американски Држави сакаат да ја намалат зависноста од чипови направени во странство, пред се полупроводници произведени во Кина.

Американскиот Конгрес одобри фонд од 52,7 милијарди долари „Чипови за Америка“ во август 2022 година за субвенционирање на производството и истражувањето на полупроводници, а „Микрочип Технолоџис“ е втората компанија што добива средства од овој фонд.

Првиот грант од овој фонд во износ од 35 милиони долари го доби во декември BAE Systems, која произведува чипови за борбени авиони.

Можеби ќе ве интересира...

Мајкрософт конечно ја поправи грешката во Ексел која ги излудуваше научниците

BiznisPRO

Шефот на Nvidia: Деца, не се плеткајте со програмирањето

BiznisPRO

Маск ги објасни своите постапки: Ги шокираше корисниците со американска фраза

BiznisPRO