Мекдоналдс во Италија / фото Бизниспро

Шефот на Мекдоналдс призна: Компанијата беше погодена од бојкотот на Блискиот Исток

Извршниот директор на глобалниот ланец на ресторани за брза храна Мекдоналдс, Крис Кемпзински, смета дека тоа е резултат на „поврзани дезинформации“.

Имено, тој вчера изјави дека неколку маркети на овој ресторан на Блискиот Исток и пошироко се погодени од блискоисточниот конфликт.

Според него, во секоја земја каде што работат, вклучително и муслиманските земји, Мекдоналдс гордо е претставен од локални сопственици на франшизи кои неуморно работат и ги поддржуваат заедниците, вработувајќи илјадници луѓе. Израелската франшиза Мекдоналдс на социјалните мрежи објави дека им дала илјадници бесплатни оброци на припадниците на израелската армија.

Мекдоналдс е меѓу главните западни синџири за брза храна погодени од бојкотот што уследи по израелската офанзива на Појасот Газа.

Една од причините за бојкотот е тоа што некои од споменатите компании имаат усвоено про-израелски позиции и/или поради наводи дека имаат финансиски врски со Израел.

Малезиска франшиза Мекдоналдс го тужеше движењето БДС, кое промовира бојкот на Израел, цитирајќи изјави за кои веруваат дека му наштетиле на нивниот бизнис. Тие бараат отштета од 1,31 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира...

Првите резултати од бојкотот: Старбакс отпушта илјадници работници, акциите на Кока-Кола паднаа за 7 отсто

BiznisPRO

ОБЈАВЕН СПИСОК СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ И ФИРМИ: УЈП откри кој колку должи за данок

BiznisPRO

Се токми нова цена на горивата

BiznisPRO