Во Германија никнуваат „балконски електрани“

Обновливите извори на енергија во Германија се прошируваат.

Лани, според податоците на Агенцијата за мрежни системи, капацитетот на зелените извори е зголемен за 17 гигавати, на вкупно 170 гигавати.

Тоа беше за 12 отсто повеќе отколку во 2022 година. А зголемувањето беше уште поголемо од една година порано, кога беше 7,5 отсто, објави агенцијата во петокот.

Најголем дел од минатогодишниот развој во таа област е поврзан со соларната енергија и турбините на ветер. Така, само капацитетот на новите соларни ќелии со 14,1 гигавати е речиси двојно зголемен во споредба со 2022 година.

Според податоците од здружението за сончева енергија BSW, минатата година во Германија биле инсталирани повеќе соларна енергија и уреди за греење отколку кога било досега. Инсталирани се повеќе од милион фотоволтаични ќелии.

Таканаречените „балконски централи“ сочинуваат голем дел од тоа, односно малите соларни уреди. Од нив 260.000 биле пријавени минатата година, што е три пати повеќе отколку во 2022 година.

Многу е веројатно дека бројот на вакви соларни уреди е уште поголем бидејќи не се регистрирани сите.

„Ваквите инвестиции ја поттикнуваат енергетската транзиција – минатата година за прв пат Германија произведе повеќе од половина од својата електрична енергија користејќи обновливи извори на енергија“, рече претседателот на Агенцијата за мрежни системи, Клаус Милер.

Според таа агенција, изградбата на енергетски капацитет од ветер била, со 2,9 гигавати во 2023 година, над нивото од претходната година, а биле издадени 80 отсто повеќе дозволи за изградба на нови турбини на ветер.

Иако нивото не е високо, со 0,12 гигавати, двојно се зголемени и капацитетите за добивање енергија од биомаса.

Можеби ќе ве интересира...

Државните електрани произведоа 11.111 MWh во текот на вчерашниот ден, а набавени се 2.400 MWh

BiznisPRO

На пазарот на „црното злато“ владее неизвесност: Цените на нафтата значително флуктуираа минатата недела

BiznisPRO

Од утре секое домаќинство ќе може да постави фотоволтаик на својот покрив и да го продава вишокот од произведената струја

BiznisPRO