Брисел/фото Бизниспро

Невработеноста во еврозоната повторно е на историски најниско ниво од 6,4 отсто

БРИСЕЛ – Невработеноста во еврозоната се намали во ноември од октомвриските 6,5 отсто на 6,4 отсто, што е историски минимум претходно постигнат во јуни 2023 година, објави денеска Евростат.

Сезонски приспособената стапка на невработеност во Европската унија, исто така, падна на 5,9 отсто во ноември од шест отсто во октомври, според веб-страницата на Евростат.

Според проценките, во ноември 12,954 милиони граѓани во Европската унија биле невработени, од кои 10,970 милиони биле во еврозоната.

Во споредба со октомври 2023 година, невработеноста паднала за 144.000 во Европската унија, односно за 99.000 во еврозоната. Стапката на невработеност на младите до 25 години падна на 14,5 отсто од октомвриските 14,8 отсто, како во ЕУ, така и во еврозоната.

Можеби ќе ве интересира...

За малку беше избегната катастрофа: Еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година

BiznisPRO

ЕУ ИТНО ПОВЛЕКУВА СЕРИЈА НА ПРОИЗВОДИ КОИ СИТЕ ГИ КОРИСТИМЕ: Содржат штетни состојки, одлуката предизвика гнев во јавноста

BiznisPRO

Силен раст на цената на нафтата: Вредноста на „црното злато“ е блиску до највисокото ниво годинава

BiznisPRO