За малку беше избегната катастрофа: Еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година

Според прелиминарните резултати, еврозоната избегна да западне во техничка рецесија бидејќи податоците покажаа дека нејзината економија стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал, објави денеска Евростат.

Во третиот квартал од 2023 година еврозоната забележа пад од 0,1 отсто во однос на вториот квартал, а евентуалниот пад во четвртиот квартал што го очекуваат пазарите би значел дека еврозоната е во техничка рецесија.

Во четвртиот квартал Шпанија забележа квартален раст од 0,6 отсто, Италија 0,2 отсто, додека француската економија стагнираше, а најголемата европска економија Германија забележа пад од 0,3 отсто.

Квартален економски раст е забележан и во Португалија и тоа 0,8 отсто, Белгија 0,4 отсто, Летонија 0,4 отсто и Австрија 0,2 отсто.

Во 2023 година, економијата на еврозоната порасна за 0,5 отсто на годишно ниво, со исто темпо како и економијата на Европската унија, според Евростат.

Можеби ќе ве интересира...

Најниска цена: Вредноста на литиумот паѓа

BiznisPRO

На трето место е Марк Цукерберг: гордата титула за НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ја носи основачот на позната компанија

BiznisPRO

Криза ја потресе Германија: Десетици илјади останаа без работа поради недостиг на материјали

BiznisPRO