Инфлацијата се зголеми во Германија: во 2023 година беше повисока за речиси 6 проценти

Инфлацијата во Германија се зголеми за 5,9 отсто на годишно ниво во 2023 година, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

„Годинашниот раст на инфлацијата е помал од историскиот максимум од 6,9 отсто во 2022 година, но сепак е висок, а цените на храната особено се зголемија во текот на изминатата година“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бренд.

Годишната стапка на инфлација во Германија се искачи на 3,7 отсто во декември од ноемвриските 3,2 отсто, во согласност со претходната прелиминарна прогноза, соопштува Destatisa.

Цените на енергијата во декември пораснаа за 4,1 отсто на годишно ниво, додека цените на храната пораснаа за 4,6 отсто, што е побавно од ноемвриските 5,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна на 3,5 отсто во декември од 3,78 отсто во ноември и сега е најниска од јули 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот ја достигна највисоката вредност на сите времиња

BiznisPRO

Големо поскапување на дизелот – од утре литро ќе се точи за 102 денари

BiznisPRO

Корисниците на некои руски банки го изгубија пристапот до Apple Pay и Google Pay

BiznisPRO