Главен фактор поскапувањето на алкохолот и тутунот: Во Велика Британија беснее инфлација, се поскапе двојно

Годишната стапка на инфлација во Велика Британија се искачи на четири отсто во декември од ноемвриските 3,9 отсто, а ова е прво зголемување на стапката на инфлација по 10 месеци, објави денеска британската канцеларија за национална статистика ONS.

Главен фактор за растот на инфлацијата е скокот на цените на алкохолот и тутунот, кои на годишно ниво пораснаа за 12,9 отсто, забрзувајќи од ноемвриските 10,2 отсто.

Храната поскапе за 6,4 отсто, мебелот и покуќнината за 2,5 отсто, а цените во секторот за комуникации скокнаа за 8,5 отсто, објави веб-страницата на ОНС.

На месечна основа, британската инфлација во декември порасна за 0,4 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Велика Британија изнесува 5,1 отсто, што е на исто ниво како и во ноември.

Можеби ќе ве интересира...

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлација од 3,2 отсто

BiznisPRO

Промени на глобалната берза: Вредноста на еврото падна во однос на американскиот долар

BiznisPRO

Продолжување на трговската војна: Американците го блокираа увозот на „ауди“ и „порше“ поради кинески делови

BiznisPRO