ПЛАТИТЕ ОСТАНУВААТ ИСТИ: Германија воведува четиридневна работна недела

Германските компании од 1 февруари ќе спроведуваат експериментална четиридневна работна недела и ќе ја следат продуктивноста на работниците. Експериментот во кој ќе опфатат 45 компании ќе трае шест месеци, а вработените ќе ги задржат сегашните плати и покрај намалувањето на работното време.

Целта на овој експеримент е да ги потврди тврдењата на синдикатот дека луѓето кои работат помалку не само што се посреќни или поздрави, туку и поефикасни во својата работа.

Сорен Фрик, ко-основач на фирмата за планирање настани Solidsense, една од 45-те фирми вклучени во студијата, рече дека верува дека новиот пристап ќе ја зголеми ефикасноста и мотивацијата на работниците.

– Апсолутно верувам дека вреди да се инвестира во нов пристап бидејќи ја зголемува благосостојбата и мотивацијата, а со тоа и ефикасноста – посочи тој.

Нерамнотежата на германскиот пазар на труд, заедно со недостатокот на квалификувана работна сила, врши притисок врз компаниите да ги пополнат своите редови. Четиридневната работна недела доаѓа во време кога работниците во различни индустрии бараат повисоки плати и зачувување на флексибилноста стекната за време на пандемијата.

Блумберг посочува дека проблемот со недостигот на работна сила може да стане посериозен, со прогнозите дека повеќе од седум милиони луѓе ќе го напуштат германскиот пазар на труд до 2034 година поради комбинација на опаѓање на наталитетот и стареење на населението.

Кристијан Линднер, германскиот министер за финансии, ја критикуваше одлуката на компаниите, тврдејќи дека пократката работна недела може да го загрози економскиот раст на земјата. Сепак, поборниците на експериментот тврдат дека слични модели покажале успех и во други земји.

Можеби ќе ве интересира...

Германската економија се уште е во пад

BiznisPRO

Големо поскапување на дизелот – од утре литро ќе се точи за 102 денари

BiznisPRO

Со МТЕЛ мобилната телефонија уживајте во премиерите од регионалните хит серии еден месец пред сите останати

BiznisPRO