фото Бизниспро

Невработеноста во Италија најниска во последните 16 години

Невработеноста во Италија падна на 7,2 отсто во декември од 7,4 отсто во ноември и сега е најниска во последните 16 години.

Ова денеска го соопшти италијанскиот национален институт за статистика Istat.

Бројот на невработени месечно се намали за 50.000 на приближно 1.829 милиони, а бројот на вработени лица се зголеми за 14.000 на приближно 23,754 милиони, според веб-страницата на Istat.

Невработеноста кај младите на возраст меѓу 15 и 24 години во декември се намали за 0,4 отсто на 20,1 отсто и сега е на најниско ниво од јули 2007 година.

Стапката на вработеност во Италија во декември била 61,9 отсто.

Истат во посебно соопштение наведува и дека италијанската економија пораснала за 0,2 отсто во четвртиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал.

Можеби ќе ве интересира...

Компанија која расте без раст: Падот на акциите на Tesla го спушти Маск на третото место меѓу најбогатите луѓе во светот

BiznisPRO

Франција го забранува името месо за растителни производи

BiznisPRO

Хонда повлекува 750.000 возила во САД поради воздушни перничиња

BiznisPRO