Приходите на Мета се зголемени за 25 отсто

Компанијата Мета објави дека во четвртиот квартал од 2023 година нејзиниот приход се зголемил за 25 отсто на годишно ниво на 40,1 милијарди долари.

Неговиот профит се зголеми за три пати на 14 милијарди долари.

Во двата наведени случаи, резултатите ги надминаа очекувањата на експертите од агенцијата LSEG (Refinitiv), пренесува CNBC. Мета ќе ја исплати и првата дивиденда од 50 центи по акција.

Трошоците на компанијата паднаа за осум отсто во однос на претходната година на 23,73 милијарди долари, а нејзината оперативна маржа се зголеми повеќе од двојно на 41 отсто, што е јасен знак дека мерките за намалување на трошоците ја зголемуваат профитабилноста.

Во четвртиот квартал од 2023 година, Мета имаше 2,11 милијарди дневни активни корисници и 3,07 милијарди месечни активни корисници и заработуваше во просек 13,12 долари по корисник.

„Имавме добар квартал додека нашата заедница и бизнис продолжуваат да растат“, рече извршниот директор на Мета, Марк Закерберг.

Калифорниската компанија на крајот на 2023 година имала 67.317 вработени, што значи дека за една година отпуштила 22 отсто од работната сила.

Можеби ќе ве интересира...

“Алкалоид” пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра

BiznisPRO

Пораснал бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година

BiznisPRO

Се поголема рецесијата во Германија?

BiznisPRO