Грција продава 30 отсто од акциите на аеродромот во Атина

Грција денеска објави продажба на 30 отсто од акциите на меѓународниот аеродром во Атина.

Од среда се очекува акциите да започнат со тргување на Атинската берза.

Првичната јавна понуда привлече побарувачка, која го надмина бројот на расположливи акции, со што беа собрани 785 милиони евра за грчкиот државен фонд за приватизација ХРАДФ.

Агенцијата наведува дека цената на акцијата е поставена на 8,20 евра, што е највисоката точка од опсегот предвидена од HRADF, а тоа подразбира пазарна капитализација на аеродромот на ниво од 2,46 милијарди евра.

Министерот за финансии Костис Хаџидакис рече дека котација на нови акции ќе обезбеди силен поттик за грчките пазари на капитал.

Вкупниот сообраќај на грчките аеродроми минатата година достигна историски максимум од 72,6 милиони луѓе, што е зголемување од 14 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на грчката управа за цивилно воздухопловство.

Можеби ќе ве интересира...

Зејтинот во Косово се предава по 3,5 евра

BiznisPRO

Ова е најдобрата земја за пензионери во светот: Експертите предупредуваат на што да се внимава во златното доба

BiznisPRO

Пад на економската активност во еврозоната

BiznisPRO