Ново зголемување на пензиите во март – процентот се’ уште се пресметува

Со новата методологија за усогласување на пензиите конечно е обезбедено системско решение за постојан раст на пензиите, два пати годишно.

Во месец март оваа година се очекува повторно да се зголемат пензиите, а за колкав процент ќе биде зголемувањето ќе дознаеме откако ќе излезат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

Заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во емисијата на Слободен печат побара трпение прво да излезат официјалните податоци.

-Не би зборувала за процент, а ниту за некакви рамки, затоа што секоја рамка се зема здраво за готово и се манипулира со пензионерите и затоа ќе ги почекаме официјалните податоци. Но она што е факт е дека од март 2022 до крајот на 2023 година, пензиите се покачија за 24%. Никогаш претходно немало такво зголемување на пензиите за толкав период, посочи Тренчевска

Тренчевска додаде дека методологијата за усогласување на пензиите е трајно решение во корист на пензиите и дека тоа ниту денес ниту во иднина нема да зависии од нечија политичка волја.

-Во изминатите две години направивме навистина многу во делот на системско решавање на пензиите и новата методологија што беше донесена и поздравена од Сојузот на пензионери, од Партијата на пензионерите и од многу пензионери, дава резултати. Резултати има на краток, но многу повеќе на среден и долг рок и тоа пензионерите го чувствуваат затоа што два пати во годината се врши усогласување на пензиите согласно порастот на трошоците за живот, односно инфлацијата и растот на просечната плата. Ако погледнеме наназад, минималната пензија во 2017 година беше 6.000 денари денес најниска пензија е 13.200 денари и за еден месец повторно ќе имаме раст на пензиите и таа ќе го зголеми, порача Тренчевска.

Усогласувањето на пензиите според швајцарски модел се случува два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50 проценти и за растот на просечната плата со 50 проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Од денеска камионите кои минуваат меѓу Србија и Северна Македонија ќе се мерат само еднаш

BiznisPRO

Пензионери очекувајте пензии! Датумот на исплатата е познат, а еве и колку ќе бидат покачени

BiznisPRO

10-те најдобри земји за работа од далечина, сите се во Европа

BiznisPRO