Конкурс на Ер Србија за вработување на кабински екипаж

Ер Србија отвори конкурс за регрутирање на нови членови на кабинскиот екипаж за својата база во Белград, беше објавено денеска.

Специјалните тестови ќе се одржат во Чачак на 23 февруари, во Нови Сад на 27 февруари, во Крагуевац на 29 февруари и во Ниш на 1 март 2024 година.

Пријавите за тестирање може да се поднесат преку веб-страницата airserbia.com.

На конкурсот можат да се пријават сите граѓани на Србија полнолетни, со најмалку завршено средно образование и кои течно зборуваат и пишуваат англиски јазик.

Пријавувањата се отворени до 24 часа пред тестот во Чачак, Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

По првиот избор, кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на тестирање.

Можеби ќе ве интересира...

Путин потпиша нов Закон: Се однесува за нафтата, гасот и трошењето на парите од заработката

BiznisPRO

Америка во неволја: „Потрошија многу пари“

BiznisPRO

Цените на европските индустриски производи паднаа и во јануари

BiznisPRO