Ја надминаа кризата: Европејците трошат се помалку гас

Потрошувачката на природен гас во Европа падна на најниско ниво во последните десет години во 2023 година.

Ова го објави Американскиот институт за енергетска економија и финансиска анализа (IEEFA) во нов извештај.

За две години од почетокот на војната во Украина, европската побарувачка за гас е намалена за 20 отсто низ целиот континент, се наведува на веб-страницата на организацијата.

„Европа ја надмина енергетската криза и продолжува да ја ограничува употребата на гас, делумно благодарение на мерките за ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија“, се нагласува во извештајот.

Пад на побарувачката на гас е забележан првенствено во Германија, Италија и Велика Британија.

Европа успеа да го намали увозот на руски гас преку цевководи, но руските испораки на течен природен гас (LNG) во Европа се зголемија за 11 отсто меѓу 2021 и 2023 година.

Најголеми увозници на руски природен гас се Шпанија, Франција и Белгија со вкупно учество од 80 отсто.

Испораките на руски ЛНГ во Шпанија во споменатиот период се удвоија, а испораките во Белгија повеќе од трипати.

Турција и Грција почнаа да увезуваат руски ЛНГ во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, одлуката трае 30 дена

BiznisPRO

Цените на нафтата благо паднаа минатата недела

BiznisPRO

РЕС снабдува со електрична енергија 190 компании од приватниот сектор носители на економскиот живот во државата

BiznisPRO