Цените на нафтата благо паднаа минатата недела

На инвеститорите им недостигаат насоки од Волстрит, бидејќи денеска најголемата берза е затворена поради одбележувањето на Денот на Мартин Лутер Кинг. И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се лизна за 0,1 отсто, на 102,40 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 144,90 јени, колку што беше во петокот вечерта, на 145,05 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,05 отсто, на 1,0955 долари. Цените на нафтата, пак, пораснаа по минатонеделниот благ пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,20 отсто, на 78,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,10 отсто, на 72,75 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Истражувањето даде резултати: Ова е денот во неделата кога сме најмалку продуктивни на работа

BiznisPRO

Google Chrome се менува: Доаѓаат големи промени за корисниците

BiznisPRO

Индекс на страв и алчност: Биткоинот се приближува до 50.000 долари, овие 3 криптовалути забележаа најголем раст

BiznisPRO