ГОЛЕМ РАСТ: Просечната плата достигна рекордни 39.998 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.

Можеби ќе ве интересира...

АД ЕСМ произведе 9.761 MWh електрична енергија во изминатото деноноќие

BiznisPRO

Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“

BiznisPRO

ЕУ воведе ембарго за увоз на јаглен и вотка од Русија

BiznisPRO