фото Pixabay

Кина најде заобиколување

Кина ги заобиколува американските царини со испорака на стоки преку Мексико.

Кина сè повеќе испорачува стоки во САД преку Мексико, заобиколувајќи ги острите царини наметнати од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и кои ги одржува сегашната администрација на Белата куќа.

Податоците од статистиката за трговија со контејнери покажуваат дека од Кина во Мексико биле испорачани 881.000 контејнери во првите три квартали од минатата година, додека во истиот период во 2022 година имало 689.000, пишува Financial Times, а пренесува порталот Business.

Порастот на испораките со контејнери од Кина до Мексико се совпадна со пробивот на Мексико како број еден извозник на стоки во САД пред Кина, а прекуграничните испораки со камиони во САД продолжија да растат брзо.

Податоците ги нагласуваат тешкотиите со кои се соочува администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, бидејќи таа агресивно се обидува да ја ограничи зависноста на Америка од глобалните синџири на снабдување во кои доминира геополитичкиот ривал Кина, чиј производствен капацитет овозможува извоз на сè, од бела техника до електрични возила.

Аналитичарите потсетуваат дека САД се најголемиот светски потрошувач на стоки, додека Кина е најголемиот светски производител, што ја прави нивната соработка неизбежна. Во исто време, од 2018 година, САД се обидуваат да ги преориентираат синџирите на снабдување подалеку од Кина и да го променат производствениот капацитет.

Како резултат на царините, пратките кои доаѓаат директно од Кина сега сочинуваат помалку од 15 отсто од американскиот увоз, што е петтина од увозот во 2017 година. Сепак, некои кинески стоки сега пристигнуваат во САД преку Мексико, без царина. Плановите на кинеските компании, како што е производителот на автомобили BYD, да отворат фабрика во Мексико, предизвикаа дополнителна загриженост во САД.

Можеби ќе ве интересира...

НОВ СКОК НА ЦЕНАТА: Нафтата повторно поскапе

BiznisPRO

Најголемиот пад од 1869 година: Која е причината за намалувањето на цената на златото

BiznisPRO

Не е виден од април 2022 година: Биткоинот над 45.000 долари

BiznisPRO