Ќе има ли ценовен шок? – Завршува мерката “гарантирана цена”

Мерката “Гарантирана цена” завршува денеска, а од утре маркетите ќе може слободно да ги формираат цените на основните продукти.

Токму поради ова се јави и страв кај граѓаните од можно големо поскапување на основните продукти.

Сепак Државниот пазарен инспекторат денеска најави засилени контроли со цел да се спречи драстично зголемување на цените на основните производи.

Граѓаните кои ги анкетиравме се жалат дека трговците прават профит на грбот на обичниот народ, со оглед дека цените на основните производи во Македонија се поскапи до соседните земји.

Некои од граѓаните од пограничните места велат дека пазаруваат и поквалитетни и поевтини производи од соседните земји, особено во маркетите на Лидл во Грција и Србија.

Актуелната ситуација со високите цени на храната беше најавено дека ќе се амортизира со Законот за нефер трговски практики, кој засега е во Собраниска процедура и се уште не се знае дали ќе биде изгласан во овој собраниски состав, имајќи ги во предвид скорешните избори.

Можеби ќе ве интересира...

Макроекономски монитор: Изгледите во поглед на инфлацијата стануваат поповолни, но зависат од критични домашни фактори

BiznisPRO

Вицегувернерката Нацевска: Се забележува нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити

BiznisPRO

Нова цена на горивата

BiznisPRO