Дубровник, Хрватска / фото Бизниспро

Најпосетуван град беше Дубровник: Хрватска во април забележа ПОМАЛКУ туристички пристигнувања од лани

Хрватска во април забележала помалку туристички пристигнувања и ноќевања од лани, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Хрватската државна агенција за статистика (ДЗС).

Во април комерцијалните сместувачки капацитети во Хрватска забележале еден милион туристички пристигнувања и 2,8 милиони ноќевања, што е за 5,5 отсто помалку пристигнувања и 8,8 отсто помалку туристички ноќевања во споредба со април 2023 година, се наведува во извештајот.

Туристите од Хрватска во четвртиот месец од 2024 година оствариле 218.000 пристигнувања и 465.000 ноќевања, што е за 1,3 отсто помалку пристигнувања и 5,9 отсто помалку ноќевања во однос на истиот месец лани.

Во април 2024 година, странските туристи оствариле 813.000 пристигнувања и 2,3 милиони ноќевања, што е за 6,5 отсто помалку пристигнувања и 9,3 отсто помалку ноќевања во споредба со април 2023 година.

Во април годинава Хрватска најмногу ја посетиле туристи од Германија, кои ноќевале 359.000, што претставува учество од 15,5 отсто во вкупниот број ноќевања на странски туристи.

Сепак, бројот на ноќевањата на германските туристи е намален за 23,1 отсто во однос на април 2023 година.

Во април 2024 година е забележан значителен удел на ноќевања од Словенија, поточно 14,1 отсто, Австрија 8,4 отсто, Полска 7,1 отсто и Велика Британија седум отсто.

Најпосетуван град во Хрватска во април бил Дубровник каде има 321.000 ноќевања, што е за 24,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.

Можеби ќе ве интересира...

Еве што ќе следува за татковците во Црна Гора по раѓање на дете

BiznisPRO

На трето место е Марк Цукерберг: гордата титула за НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ја носи основачот на позната компанија

BiznisPRO

Не се знае дали ќе има летови: Најавен штрајк на кабинскиот екипаж на Луфтанза

BiznisPRO