Го достигна максимумот: Цената на храната расте на светско ниво

Светските цени на храната во мај се искачија на највисоко ниво во последните шест месеци, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната за мај се зголеми од 119,3 поени во април на 120,4 поени, се наведува на веб-страницата на ФАО.

Порастот на цените на житариците и млечните производи повеќе од го компензира падот на цените на шеќерот и растителните масла, додека индексот на цените на месото е речиси непроменет во однос на април.

Индексот на цените на житото се зголеми за 6,3 отсто на 118,7 поени, бидејќи е забележан месечен раст на цената на сите видови жито, особено на пченицата.

Остриот месечен пораст на цените на житото во голема мера се должи на загриженоста за неповолните услови за културите за жетвата во 2024 година. Индексот на цените на млечните производи во мај во просек изнесувал 126 поени, што е за 1,8 отсто повеќе во однос на април.

Зголемувањето на цените на млечните производи беше под влијание на зголемената побарувачка во малопродажниот и прехранбениот сектор пред летните одмори, како и загриженоста на пазарот дека производството на млеко во Западна Европа би можело да падне на историски најниско ниво.

Падот на светските цени на шеќерот главно се должи на веста дека успешно започна бербата на шеќерната репка во Бразил, така што релевантниот индекс падна за 7,5 отсто на 117,1 поен месечно.

Показателот што ги следи цените на растителните масла во мај беше на ниво од 127,8 поени, што претставува пад од 2,4 отсто во однос на април, пред се поради пониските цени на палминото масло.

Индексот на цените на месото е практично непроменет во однос на април, бидејќи е зголемен за само 0,2 отсто на 116,6 поени.

Можеби ќе ве интересира...

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

BiznisPRO

Вино во повратни шишиња – повеќекорисна практика

BiznisPRO

Колку ќе чинат девизите денес – Курсна листа за 20 јуни

BiznisPRO