Утврдени нови цени на горивата

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,222 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,680 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

BiznisPRO

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.2 % во септември 2025 година во однос на претходниот месец

BiznisPRO

Нови цени на горивата

BiznisPRO