Еврото се задржа до прагот од 1,13 долари

Еврото ја започна новата недела, останувајќи блиску до прагот од 1,13 долари, јавија германските финансиски медиуми.

Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута се менуваше за 1,1295 долари или нешто под курсот на крајот од петочното тргување.

Европската централна банка во петокот одреди референтна стапка на еврото од 1,1273 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Германскиот гигант прогласи банкрот

BiznisPRO

Европејците се откажуваат од основните работи: Прескокнуваат оброци, не нарачуваат храна, купуваат на распродажби

BiznisPRO

Втора недела по ред: Цените на нафтата во пад, сега под 85 долари

BiznisPRO