TIME го избра Илон Маск за „Личност на годината“

Годинешниот добитник на престижната титула „Личност на годината“ на американскиот магазин TIME е Илон Маск.

Секоја година, од 1927 година, еден од најпознатите американски магазини објавува која е „Личност на годината“ во декември.

Илон Рив Маск е јужноафрикански претприемач и инженер. Тој е основач, директор и главен инженер/дизајнер на компанијата „Space Ex“, ко-основач, директор и дизајнер на производи во Tesla, ко-основач и директор на Neuralink и ко-основач на PayPal.

Личноста на годината ја избира главниот уредник на овој неделник, а критериумите ги дефинираше првиот издавач Хенри Лук.

Се избира личност или личности кои повеќе од другите влијаеле на вестите и нашите животи, без разлика дали во добра или лоша смисла.

До 1999 година, титулата официјално беше наречена „Маж на годината“ или „Жена на годината“.

Можеби ќе ве интересира...

Илон Маск: Ако Apple го отстрани Twitter од App Store, ќе изградам нов телефон

BiznisPRO

Мајкрософт им ги намали платите на газдите: Погледнете колку се „ниски“ сега

BiznisPRO

БОРБА ЗА ПАЗАРОТ Австралија го зголемува производството на минерали од ретки земји, суровини од витално значење за технологијата

BiznisPRO