Недела неработен ден е реалност, од први јануари 92 проценти од работниците ќе одмораат во недела

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го изгласаа законското решение недела да биде ден за неделен одмор.
„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците“, порача министерката Шахпаска.

Ова законско решение овозможува воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место.

Можеби ќе ве интересира...

Откриена грешка при склопување на возилото: Honda повлекува неколку стотици илјади модели Accord и HR-V

BiznisPRO

ЦРН ПЕТОК: Дали се реални попустите во продавниците низ Македонија?

BiznisPRO

Почна исплатата на ноемвриските пензии

BiznisPRO