Бензинска во Германија / фото Pixabay

Македонските граѓани масовно точат гориво и ги преплавија бензинските откако цената на нафтата на светските берзи значително поскапе

Колони на возила и големи гужви се забележани на бензинските пумпи низ Македонија, откако цената на нафтата на светските берзи скокна на 116 долари за барел.

Малопродажната цена во моментов на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 денари/литар.

Минатата недела нафтата се движење околу 100 долари за барел на светските берзи, што значи дека во понеделник можно е да има позначително поскапување, имајќи го во предвид силниот и незапирлив скок на црното злато на светско ниво.

*фото илустрација

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука во РКЕ: Значајно намалување на дизелот

BiznisPRO

Макпетрол разгледува можност да прекине со продажба на гориво, откако им беа намалени маржите – не можеле да изддржат

BiznisPRO

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2024 година

BiznisPRO