„Фолксваген“ го запира производството во Русија и го прекина извозот

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија на неопределен период поради рускиот напад врз Украина и веднаш ќе го прекине извозот.

„Фолксваген“ има фабрики во Калуга, југозападно од Москва, и во Нижни Новгород, каде што планираат да го прекинат производството. Во соопштението се додава дека автомобилите на Групацијата Фолксваген, вклучувајќи ги „ауди“, „порше“ и „шкода“, нема да се извезуваат во Русија.

Водењето бизнис со Русија стана значително потешко од почетокот на руската инвазија на Украина поради санкциите наметнати на Москва од меѓународната заедница. Водечката германска бизнис-асоцијација ДИХК оцени дека санкциите, всушност, претставуваат целосно ембарго.

Германските производители на автомобили се погодени од војната во Украина преку прекини во синџирот на снабдување, особено со кабли. Така, „Фолксваген“ во посебно соопштение објави дека поради украинската криза, привремено го прекинува производството во две полски фабрики, исто така посочувајќи на прекинот во синџирот на снабдување.

Можеби ќе ве интересира...

Централната банка на Индија ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO

Збогум: Шишиња Кока-Кола, познати парфеми и виски ја напуштаат Европа?

BiznisPRO

Шведска влезе во рецесија: Последица на намалени залихи и помала потрошувачка на домаќинствата

BiznisPRO