Збогум: Шишиња Кока-Кола, познати парфеми и виски ја напуштаат Европа?

Шишето со потпис Кока-Кола, заедно со други дизајнерски шишиња виски или парфеми, би можело да исчезнат од европскиот пазар.

Тоа може да се случи според новите нацрт-правила на ЕУ за промовирање на пакување за повеќекратна употреба за да се намали отпадот од пакување во Европа.

Тој закон беше изгласан на 24 октомври во Комитетот за животна средина на Европскиот парламент, што е прв чекор во постапката пред парламентот да го усвои нацртот во ноември, објави Еурактив.

Планот е законот да се финализира навреме пред европските избори во јуни.

Од „Еурактив“ посочуваат дека со примената на овој закон, постои ризик од повреда на заштитата на правата на интелектуална сопственост кога станува збор за посебни пакувања како што се брендирани шишиња за пијалоци.

„Ризикот е дека пакуваните производи ќе почнат да изгледаат исто. Креативниот дизајн и иконите форми постепено ќе исчезнат, а комерцијалната вредност ќе се потроши бидејќи брендовите повеќе не можат да се издвојуваат едни од други на полиците“, велат од трговската асоцијација што го застапува производителите на стакло FEVE.

Барањата за дизајнот на пакувањето се утврдени во директивата за отпад од пакување, која бара тежината и волуменот на пакувањето да се сведат на минимум.

Претставништвото на Coca-Cola во ЕУ во Брисел засега одбива да го коментира нацртот на новиот закон, наведувајќи дека ги истражува импликациите за нејзините производи.

Можеби ќе ве интересира...

Се ослободува од акциите и инвестира во нови сектори: Одлуките на Гејтс се сигнал за пазарна криза

BiznisPRO

Го зголемуваат данокот – алкохолот ќе поскапи?

BiznisPRO

Минимумот во Шпанија надмина 1.100 евра: Новото зголемување стапи на сила од 1 јануари

BiznisPRO