Шведска влезе во рецесија: Последица на намалени залихи и помала потрошувачка на домаќинствата

Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, по падот од 0,8 отсто во претходниот квартал, објави денеска Шведскиот институт за статистика – SCB.

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, додека потрошувачката на општата влада не се менува. Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто.

Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти. Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто. На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Со имиња на фирми и луѓе УЈП објави список на должници – проверете кој се должи за данок

BiznisPRO

Повторно кочница: Еве на што реши Германија да заштеди

BiznisPRO

Нови заеми од кинески јуани во јануари највисоки во последните 16 години

BiznisPRO