фото Pixabay

Нови заеми од кинески јуани во јануари највисоки во последните 16 години

Вредноста на новите кинески заеми во националната валута во јануари изнесуваше 4,92 трилиони јуани.

Ова е рекордна вредност од почетокот на споредбените мерења на овие податоци во 2008 година, објави денеска Народната банка на Кина (PBoC).

Овој резултат го надмина претходниот рекорд од 4,9 трилиони јуани од пред една година и ги надмина очекувањата на пазарот од 4,5 трилиони јуани.

М2, широка мерка на паричната маса која ги покрива парите во оптек и сите депозити, порасна за 8,7 отсто во однос на истиот месец претходната година, пропуштајќи ги очекувањата за пораст од 9,7 отсто.

Народната банка на Кина (PBoC) на крајот на јануари објави дека одлучила петти пат по ред да ја задржи каматната стапка на едногодишните кредити (LPR) на 3,45 отсто.

Оваа каматна стапка е поврзана со повеќето лични и компаниски заеми.

Истовремено, ПБК ја задржа каматната стапка на петгодишните кредити, која е поврзана со повеќето хипотеки, седми пат по ред на 4,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Збогум: Шишиња Кока-Кола, познати парфеми и виски ја напуштаат Европа?

BiznisPRO

Бонуси до 3.000 евра на работниците поради инфлација

BiznisPRO

На Германија ќе ѝ требаат три години за да стане независна од рускиот гас

BiznisPRO