Ќе има ли поскапување на горивата – Вечерва најавено формирање на нови цени на бензинот и нафтата во Македонија

Нов начин на пресметка, регулаторот ќе ја менува цената на горивата на дневна основа само доколку одреден дериват на светските берзи поевтини или поскапи за два долари.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека цената на горивата за бензинските пумпи се одредува во однос на цените кои биле на берзите во последните пет дена.

Синоќа горивата скокнаа на рекордно ниво. Бензинот поскапи за 3,5 денари, нафтата за 8,5 денари.

Вечерва се очекува нова цена на горивата, истата најверојатно ќе биде објавена пред полноќ.

Владата итно до Собранието денеска ги поднесе предлог измените со кои треба да бидат намалени акцизите и данокот на горивата, што треба да да влијае за намалување на цената на бензинот и нафтата за десетина денари по литар.

Инаку во моментов ова се цените на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 90,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 59,165 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира...

Продолжува редовната испорака на руски гас преку Украина

BiznisPRO

АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПРВА НА УДАР: Една четвртина од работните места во ЕУ може да ги извршува вештачката интелигенција

BiznisPRO

Пензионери, добра вест! Доаѓаат пари за месечната помош од Владата на вашите сметки

BiznisPRO