Пазарите продолжуваат да дивеат: Цената на гасот во Европа е 1.800 долари за илјада кубни метри

На фјучерсиот пазар во Европа цената на гасот денеска е околу 1.800 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

На отворањето на тргувањето рано утринава цената на гасот падна под 1.600 долари за илјада кубни метри, а потоа тргна по нагорна линија, достигнувајќи го нивото од 1.792 долари за 1.000 кубни метри во холандскиот центар ТТФ или 157 евра за MWh.

Од почетокот на денешното тргување цената е зголемена за 0,7 отсто.

Според руската агенција, утринава падот на цената под 1.600 долари е поттикнат од веста за очекуваниот почеток на преговорите меѓу министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба во Анталија.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата речиси непроменети

BiznisPRO

Падна цената на барелот: Нафтата падна за повеќе од еден процент

BiznisPRO

Добра вест: Ново поевтинување на горивата – еве за колку

BiznisPRO