Бензинска во Германија / фото Pixabay

Рекордно зголемување на цените на горивата во Србија

Стапи во сила регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати Еуродизел и Еуропремиум БМБ 95 во Србија.

Уредбата ќе трае 30 дена, до 11 април, а во случај на ограничување на цените на дериватите, се однесува на горивата еуродизел и еуропремиум БМБ 95, со кои се утврдува максималната малопродажна цена. Во суштина, на трговците ќе им биде ограничена маржата на шест динари, а ќе се укинат и царините за увоз. Како што е најавено, поскапувањето ќе се движи околу 2 до 3 динари за литар.

Денеска од 15 часот литар еуродизел ќе чини 187,7 динари (98 македонски денари), а БМБ 95 премиум 176,3 динари (92 македонски денари).

Треба да се напомене дека во утринското соопштение на Министерството за трговија се посочува дека стопанските субјекти кои вршат трговија со моторни и други горива се обврзани да продолжат со испорака на нафтени деривати, но само до резервоарите на возилата. Затоа на бензинските пумпи низ Србија од денеска е забрането полнење гориво во канистри, буриња и други контејнери во кои се складира гориво.

Просечните големопродажни цени на овие деривати ги пресметува Министерството за рударство и енергетика, секој петок до истекот на уредбата и ги доставува до Министерството за трговија најдоцна до 13 часот.

Можеби ќе ве интересира...

Црна Гора тестира нов модел на работна недела: Еве како ќе функционира

BiznisPRO

ЗАБОРАВИЈА ДЕКА НЕ СОРАБОТУВААТ: Германците се уште транспортираат руски течен природен гас

BiznisPRO

Добра вест: Поевтинуваат и дизелот и бензинот – еве за колку

BiznisPRO