Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, одлуката трае 30 дена

Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата и од утре ќе изнесува 1,50 евра за литар безоловен бензин од 95 октани и 1,54 евра за литар дизел.

Мерката ќе важи 30 дена, јавуваат словенечките медиуми.

Министерот за економија Здравко Почивалшек пред новинарите изјави дека Владата одлучила да ја смири состојбата во областа на моторните горива, па затоа ја одредила највисоката малопродажна цена за доброто на граѓаните и стопанството.

Тој изјави дека во моментов нема потреба од ослободување на резервите на нафтени деривати.

Почивалшек истакна дека во Словенија има доволно количество гориво, така што нема страв од недостиг.

Можеби ќе ве интересира...

Босанците ги празнат рафтовите во продавниците поради војната – трговските ланци излегоа со важно известување

BiznisPRO

Ќе има ли поскапување на горивата – Вечерва најавено формирање на нови цени на бензинот и нафтата во Македонија

BiznisPRO

Американскиот гигант купува ривал за 53 милијарди долари

BiznisPRO