„ГИ ПОЧИТУВАМЕ ЕВРОПСКИТЕ КЛИЕНТИ“: Гаспром продолжува со редовна испорака на гас

Гаспром продолжува да испорачува руски гас за транзит во Европа преку украинска територија во вообичаениот режим, изјави за новинарите портпаролот на компанијата Сергеј Купријанов.

„Газпром“ испорачува руски гас за транзит низ украинска територија нормално во согласност со барањата на европските потрошувачи – 104,7 милиони кубни метри од 21 март – наведе тој.

До недела, 20 март, се побарани 106,6 милиони кубни метри гас.

Овој волумен е речиси еднаков на испораките на долгорочната резервација за транзит на гас низ Украина, околу 109,5 милиони кубни метри дневно, јави ТАСС.

Можеби ќе ве интересира...

Федералните резерви на САД повторно ја зголемија референтната каматна стапка

BiznisPRO

Петта недела по ред: Доларот расте, а јапонската валута значително слабее

BiznisPRO

Германците во неволја: Семејните бизниси немаат наследници

BiznisPRO