„Нов чекор кон одржлива иднина“ – Отворена првата фабрика на Тесла во Европа

Тесла вчера во Германија ја отвори првата фабрика за автомобили во Европа, а нејзиниот директор Илон Маск ја надгледуваше испораката на возила до првите клиенти, две години по почетокот на проектот.

Се емитуваше гласна музика додека 30 клиенти со нивните семејства ги добија своите нови возила минувајќи низ светкавиот тунел со неонски светла. Маска танцуваше и се шегуваше со фановите.

– Ова е голем ден за оваа фабрика – рече Маск и додаде дека ова е „уште еден чекор кон одржлива иднина“.

На церемонијата присуствуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој го поддржува овој проект, а против него се еколошки активисти кои денеска го блокираа влезот на комплексот и укажаа на големата потрошувачка на вода во оваа фабрика.

Маск се надеваше дека фабриката ќе се отвори пред осум месеци, но го одложи процесот на издавање дозволи поради стравувања од негативно влијание врз животната средина.

Локалните власти ја издадоа конечната дозвола на 4 март, а „Тесла“ дотогаш покриваше европски нарачки од Шангај.

Новата фабрика вработува 3.500 од планираните 12.000 работници, а фабриката ќе произведува 500.000 електрични автомобили годишно кога ќе го достигне полн капацитет. Аналитичарите проценуваат дека тоа ќе се постигне во 2025 година.

Можеби ќе ве интересира...

Италија заработува четири милијарди евра годишно од рециклирање хартија

BiznisPRO

Следува продолжен викенд – Еве уште колку неработни денови останаа до крајот на годинава

BiznisPRO

„Цените остануваат исти, па дури и се зголемуваат“: Унгарија воведува задолжителна ознака на производите со намалена тежина

BiznisPRO