Бектеши: КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово

Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ, која е водечки производител на седишта за возови, автобуси почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра. Во новиот производствен погон во Тетово, кој ќе се простира на површина од 7.500 метри квадрaтни предвидено е да бидат отворени 300 нови работни места од Полошкиот Регион, напиша на својот фејсбук-профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што напиша Бектеши, според планот за реализација со производството од новиот погон, КИЕЛ Македонија ќе започне до крајот на 2022 година.

„Министерството за економија даде согласност за потпишување договор помеѓу Друштво за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ Макњдонија и Нормак инвестмен груп со што почнува реализацијата на оваа нова инвестиција“, напиша Бектеши на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира...

УЈП објави листа на луѓе и фирми не платиле данок – Проверете чии имиња се наоѓаат на овој список на должници

BiznisPRO

Компанијата Visa носи иновативни искуства за плаќање на Светското првенство во Катар 2022

BiznisPRO

Рестриктивни за невакцинираните, но и стимулацитивни мерки за оние кои ќе се вакцинираат – Владата разговараше за нови ковид мерки на вечерашната владина седница

BiznisPRO