Рекордна стапка на инфлација во Германија

Инфлацијата во Германија во март достигна рекордни 7,3 отсто, што е највисоко ниво од обединувањето, покажува првата проценка на заводот за статистика, а владините економски советници предупредија на значителен ризик од рецесија поради руската инвазија на Украина.

Во февруари потрошувачките цени се зголемија за 5,1 отсто на годишно ниво.

Цените на енергијата за домаќинствата и моторните горива скокнаа за 39,5 отсто во март во споредба со истиот месец минатата година.

Пораснале и цените на храната, за 6,2 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат првите проценки на германските статистичари.

Можеби ќе ве интересира...

Луфтханза предвидува дека утре поради штрајкот ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите

BiznisPRO

На работ на колапс: Расте бројот на гладни

BiznisPRO

„Германските складишта за гас може да се полнат повеќе од 100 проценти“

BiznisPRO