Илон Маск купи удел во „Твитер“ за три милијарди долари

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа „Твитер“, се вели во соопштението на Американската комисија за хартии од вредност (SEC).

Веста веднаш предизвика раст на акциите на „Твитер“ за околу 25 отсто на Волстрит при тргувањето пред официјалното отворање на берзата, пренесува британскиот јавен сервис Би-би-си.

Маск купил 73.486.938 акции на „Твитер“ на 14. март, според податоците на SEC, а тој удел на затворањето на тргувањето во петокот вредел 2,89 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ е редовен корисник на „Твитер“ со повеќе од 80 милиони следбеници, иако неодамна изјави дека сериозно размислува да основа нова социјална мрежа.

Кон крајот на минатиот месец, тој ги праша следбениците на „Твитер“ за нивното мислење за тоа дали социјалните мрежи ја промовираат слободата на говорот.

„Слободата на говор е суштинска за функционирањето на демократијата. Дали мислите дека ‘Твитер’ ригорозно се придржува до овој принцип? Дали е потребна нова платформа?“, ги праша Маск своите следбеници на таа социјална мрежа, потсетува Би-би-си.

Можеби ќе ве интересира...

Инвеститорите се уште се претпазливи: По неколку дена флуктуации, биткоинот е стабилен на 24.120 евра

BiznisPRO

Бил Гејтс советува кога да им дозволите на вашите деца телефони

BiznisPRO

Оваа апликација во моментов најчесто се презема во Украина

BiznisPRO