Падна одлука – Предвремена исплата на пензиите, еве кога парите ќе легнат на сметките на македонските пензионери

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.

За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник); За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник); За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

Можеби ќе ве интересира...

Се променија цените на горивата: Македонија и натаму меѓу земјите со најевтини горива во Европа

BiznisPRO

Советот на Народната банка: Промени кај задолжителната резерва заради натамошно јакнење на денаризацијата и долгорочното штедење

BiznisPRO

Набавка на 500 висококвалитетни јуници со цел стабилизација на млекопроизводството во земјата

BiznisPRO