БРАКО e еден од најголемите производители на жичани производи во регионот

Моменталното производство на жичани производи во „Брако“ изнесува 2000 тона месечно, а во следниот период се планира овој капацитет да го зголеми производството за 50% и да достигне до 3000 тона готови производи месечно, што го прави БРАКО континуирано еден од најголемите производители на жичани продукти. Станува збор за сериско производство со врвна технологија чиј асортиман е 90 % наменет за извоз.

„Веќе ги реализираме и најново договорените пласмани за Чешка, Италија, а добиваме барања и за испораки во Гватемала, Чиле, Франција и Блискиот Исток,“ информира Љупчо Прентоски, директор на жичаното производство во БРАКО, кое опфаќа градежни и коилирани шајки, топло поцинкувана жица и нејзини преработки како универзално плетиво и бодликава, жарена и опружна жица.

Жичаните производи редовно се продаваат на територијата на поранешните југословенски републики, но и во Австрија, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Италија и Албанија.

Можеби ќе ве интересира...

Со новиот пакет мерки пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните 5 месеци

BiznisPRO

Здравко Илиќ дел од E-commerce конференцијата во Скопје „ Политики за електронска трговија во рамките на ЦЕФТА – пазарот на е-трговија вреден 1 милијарда евра поблизу до бизнисите во регионот“

BiznisPRO

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

BiznisPRO