Историски масовни отпуштања во Мета – 11 илјади луѓе на улица

Шефот на интернет концернот Мета, на кој припаѓа и Фејсбук, најави укинување на 11.000 работни места. Марк Закерберг во соопштение до вработените денеска зборува за „најтешките промени“ во историјата на претпријатието.

Марк Закерберг во соопштение упатено до вработените во концернот најави преземање одговорност, свесен дека оваа одлука ќе биде тешка за секој поединец, и изрази посебно жалење за оние кои се конкретно погодени од кратењата.

Концернот Мета, на кој покрај Фејсбук припаѓаат и Инстаграм и Вотсап, вработува 87.000 луѓе во светот. Кратењата, според најавата на Закерберг во прва линија се вршат во одделот за истражувања, кој главно се занимава со метаверзум, но и кај апликациите во Фејсбук, Инстаграм и Вотсап.

Во третиот квартал годинава концернот забележа намалување на добивката и голем пад на прометот. Исто како и останатите големи фирми од областа на интернетот, чии приходи во најголема мерка се базираат на пари од реклами, Мета моментално е соочена со проблем што претпријатијата во сегашната несигурна економска клима ги кратат своите буџети за маркетинг.

Во обраќањето до вработените, Закерберг образложува дека сметал на непоматено продолжување на трендот на пораст на интернет трговијата од времето на пандемијата на коронавирус. „За жал, мојата проценка беше погрешна и преземам целосна одговорност за неа“, истакнува Марк Закерберг.

Можеби ќе ве интересира...

Револт предизвика изјава на директор: „Сиромашните да јадат житарки за да заштедат пари“

BiznisPRO

Состојба на крипто берзите: Биткоинот стабилен на 26.870 евра

BiznisPRO

Економијата на Велика Британија се врати на раст: Во јануари скокна за 0,2 отсто на месечна основа

BiznisPRO